фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Усик договори нов спектакл – против кик-бокс легенда ќе го брани појасот во тешка категорија

Светскиот шампион во тешка категорија, Олександр Усик, подготвува нов спектакл сега во еден несекојдневен предизвик. Украинецот ја прифати борбата за одбрана на ВБЦ-појасот против прославениот кик-боксер Рико Верховен, во меч кој веќе ја бранува спортската јавност.

Дуелот е закажан за 23 јуни во Египет и ќе означи враќање на Усик во рингот по пауза од речиси десет месеци. Последен пат настапи кога со нокаут го совлада Даниел Дубоа и го зацврсти статусот на апсолутен шампион во тешка категорија.

Со перфектен скор од 24 победи без пораз, Усик првично посакуваше пресметка со Деонтеј Вајлдер, но откако Американецот реши да влезе во рингот со Дерек Чисора, Украинецот се сврте кон поинаков, атрактивен предизвик.

Од другата страна ќе стои Верховен, легенда во кик-боксот и долгогодишен владетел во тешката категорија, но со скромно искуство во класичниот бокс. Холанѓанецот има само една професионална боксерска борба, и тоа пред повеќе од една деценија.

„Дванаесет години бев на врвот во кик-боксот и ги освоив сите титули што ги посакував. Успесите не ме заситија, напротив, желбата за нови предизвици е поголема од кога било“, порача 36-годишниот Верховен, најавувајќи дека во Египет ќе гледаме вистински судир на шампиони од различни светови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот