Уште три години затвор за поранешната лидерка на Мјанмар

Аунг Сан Су Чи
Осудената Аунг Сан Су Чи, поранешна лидерка на Мјанмар/ Фото EPA-EFE/FRANCK ROBICHON / POOL

Суд во Мјанмар, азиската држава со која владее воена хунта, денеска повторно ја осуди поранешната лидерка Аунг Сан Су Чи на уште три години затвор, овој пат за корупција, потврдија судски извори за ДПА.

Оваа е последна во низата пресуди со кои се соочи Су Чи откако беше соборена од власта со воениот удар од 1 февруари 2021 година.

Со денешната судска одлука 77-годишната добитничка на Нобеловата награда за мир има досега вкупно 26 години затворски казни и тоа за корупција, поттикнување, кршење на правилата за Ковид-19, изборна измама и кршење на актот за службена тајна.

Британските медиуми наведуваат дека поранешната демократски избрана премиерка се соочува со најмалку 18 обвиненија за кои може да добие максимална казна од речиси 190 години.

Таа обвиненијата против неа ги нарече „апсурдни” и негираше каква било злоупотреба.

Су Чи од јуни се наоѓа во самица во затворот во главниот град Најпидо, откако претходно, по воениот преврат, 1,5 година беше ставена во домашен притвор, пренесе ДПА.

Судската постапка и за ова кривично делот се одвиваше зад затворени врати и на адвокатите на Су Чи не им беше дозволено да зборуваат со медиумите.

Сите случаи против неа се масовно осудени како воени процеси кои имаат за цел да ги дискредитираат претходните цивилни водачи и да ја зајакнат положбата на хунтата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот