Уште едно признание за Рајковиќ: Македонскиот стратег ќе води еден од тимовите на „Ол стар“ натпреварот во ВТБ лигата

foto facebook@cskabasket

Maкедонскиот кошаркарски стратег, Емил Рајковиќ доби уште едно признание за својата успешна работа во ЦСКА Москва.

Имено, Рајковиќ втора сезона по ред има успех со ЦСКА Москва, па така сега заедно со Велимир Перасовиќ кој седи на клупата на Уникс Казан на Ненад Димитријевиќ ќе ги водат тимовите на „Ол стар“ викендот во ВТБ лигата.

Локомотив Кубан како што е познато го совлада Зенит со 93:73, па на крајот на годината ЦСКА и Уникс ќе бидат на првите две места на табелата.

„Ол стар“ натпреварот во ВТБ лигата е закажан за на 18. февруари 2024 година во ВТБ Арената во Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот