Уште едно признание за Ива Пројковска: Ќе им суди на Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед

фото: ФФМ

Најдобрата македонска судијка Ива Пројковска е во групата на 20 елитни судии во Европа, а сега доби големо признание и ќе го суди реванш натпреварот од женската Лига на шампиони помеѓу Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед.

Натпреварот помеѓу двата европски гигант се игран а 18. октомври во Париз.

На Пројковска ќе и помагаат Елена Соклевска-Илиевски и Вјолца Изеири, како четврта судијка ќе биде Ирена Велевачкоска-Ристевски.

Ова за Пројковска ќе биде првпат во кариерата да суди на шампионот на Англија, додека на Пари Сен Жермен веќе еднаш му судеше.

Во кариерата претходно македонската судијка делеше правда на натпревари на кои играа екипите на: Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Арсенал, Челси…

Пред шест месеци на натпреварот помеѓу Шкендија и Победа Пројковска стана и првата жена која судела натпревар од Првата македонска фудбалска лига во машка конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот