Ива Пројковска е првата жена која ќе суди натпревар од Првата македонска фудбалска лига

Ивана Пројковска/фото: ФФМ

Македонската судијка Ива Пројковска веќе суди големи натпревари на меѓународната фудбалска сцена како во Лигата на шампионите, претходно на Европско фудбалско првенство во женска конкуренција…

Претстојниот викенд се натпреварите од 25 коло во Првата македонска фудбалска лига, еден во сабота и четири в недела, сите со старт од 15.00 часот.

Пројковска ќе биде главен судија на мечот меѓу екипите на тетовска Шкендија и прилепска Победа кој ќе се игра в недела.

Таа ќе биде првата жена во историјата на нашата земја што ќе суди натпревар од Првата македонска машка фудбалска лига.

Покрај споменатиот меч, во редовната лигашка рунда ќе се играат и дуелите Струга Трим Лум – Академија Пандев, Шкупи – Скопје, Брегалница – Штип и Македонија ЃП – Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот