Уште едно големо признание: Ѓуле од „Ван Гог“ добитник на престижна музичка награда!

Фото: Слободен печат

Фронтменот на српската рок група „Ван Гог“, Ѕвонимир Ѓукиќ Ѓуле добитник е на престижната награда „Струни од светлина“, која се доделува за посебен придонес во афирмацијата на поетскиот збор во блуз и рок музиката.

Лауреатот, покрај плаката добива и една гитара од колекцијата на писателот и кантавтор Саша Радоњиќ, кој започна да ја доделува оваа награда пред шест години.

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Во образоложението на жирито, кое се состои од Богомир Богица Мијатовиќ (претседател), др Мирослав Радоњиќ и Саша Радоњиќ, покрај другото, стои и дека Ѕвонимир Ѓукиќ Ѓуле е естетска константа на домашната и балканската рок сцена повеќе од 30 години, нешто што само по себе заслужува голема почит.

„Креативноста на неговото високо поетизирано пишување на текстови е неодамна презентирано и преку книгата „Море без обала“, која покрај добро познатите строфи и стихови на Ѓуле носи и еден вистински драгоцен бонус во вид на негови фотографски дела, за кои сосема слободно може да се каже дека исто така се чиста поезија“, смета споменатото жири.

Тие истакнуваат и дека вистински доказ за уникатните вештини на Ѓуле како текстописец и композитор е и синглот од минатата година насловен „Емотивно миниран“.

Жирито за време на овогодинешното доделување на наградата донесе уште една одлука, а тоа е од оваа година во рамките на наградата „Струни од светлина“, да се внесе и признание за млади креатори во рок културата и музиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот