Уште една загуба во семејството Шаулиќ: Илда го загуби бебето! (ФОТО)
Пејачката Илда Шаулиќ го загубила бебето, пишува магазинот „Глорија“.
Препорачано
Таа и сопругот Бојан Вучковиќ премногу се радуваа на приновата, но за жал се случи оваа голема загуба.
Брачниот пар веќе ја има тригодишната ќерка Ема, а Илда за бременоста дозна на 15 јуни, на роденденот на братот Михајло.
Семејството Шаулиќ исто така доста се радувало на приновата, особено по смртта на легендарниот пејач Шабан Шаулиќ, кој загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија на 17 фебруари, 2019 година.
Инаку, Илда се бореше со коронавирусот за време на бременоста.
Таа тогаш се огласи на Инстаграм и кажа дека е во самоизолација, но дека нема причина за грижа.
– Драги мои, со вас имам да споделам две вести, една најубава, а другата не така добра. Првата е дека нашето семејство ќе стане побогато за уште еден член, за што сите се радуваме. Токму поради бременоста, бев да направам тест и резултатот кој го добив покажа дека сум позитивна на Ковид – 19 – потврди тогаш на социјалните мрежи.


