Уште една пратка со динари за Косово запрена на граничниот премин Јариње

Косово граница / Фото Архива

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија Петар Петковиќ изјави дека на административниот премин Јариње е забранета уште една пратка динари наменета за исплата на плати, пензии и социјални надоместоци за Србите и другите неалбански жители на Косово, чиј опстанок зависи од приливот на средства од буџетот на Република Србија.

-Припадниците на полицијата на Курти не само што забранија влез на динари, туку на административниот премин демонстрираа грубост кон претставниците на Народната банка на Србија (НБС) и компанијата Хендерсон, а потоа ги избркаа со закана за апсење, рече Петковиќ.

Како што истакна, Албин Курти со тоа „јасно покажал дека таканаречениот преоден рок е чиста лага и дека цело време работи на операционализирање на одлуката за забрана на динарот“.

Една пратка динари веќе беше блокирана на 7 февруари на преминот Јариње без никакво објаснување или официјално одбивање.

-Повторно апелираме до меѓународната заедница дополнително да го зголеми притисокот врз Приштина за трајно да се откаже од едностраната одлука за забрана на динарот, бидејќи очигледно експлицитните вербални пораки на неодобрување што Курти ги добива во последните денови не се делотворни, рече Петковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот