Уште една победа во низа за ГРК Охрид, Косуке Јасухира со одлично деби
Ракометарите на Охрид денеска ја совладаа екипата на Тиквеш во натпреварот од петтото коло од плејофот во Супер лигата, кој се одигра попладнево во салата „Билјанини извори“, со 37:20.
Препорачано
После првото полувреме играчите предводени од тренерот Борис Ројевиќ имаа предност од пет голови разлика (19:14).
Одлично деби за ГРК Охрид имаше новото засилување, Јапонецот Косуке Јасухира кој заедно со Давид Савревски и Ален Ќосевски беа најефикасни со по шест голови, а пет запиша грчкиот интернационалец Николаос Лиапис.
На спротивната страна по пет погодоци забележаа Томче Стојановски и Богдан Мијушковиќ.
По втората победа во низа, тимот на Охрид е на второто место со 44 бодови, додека Тиквеш е на петтата позиција со 24.
Во следното коло составот на Ројевиќ на 25 април ќе го пречека Бутел Скопје, додека Тиквеш истиот ден оди кај Еурофарм Пелистер.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
5час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


