Уште една бизарност: Џејда Пинкет Смит им давала психоделични дроги на децата
Младиот актер и музичар Џејден Смит откри дека мајка му Џејда Пинкет Смит е главен виновник за употребата на психоделични дроги во нивното семејство.
Препорачано
„Сметам дека беше мајка ми. Всушност, таа беше првата што го направи тој чекор за семејството“, изјави 24-годишникот на научна конференција во Денвер, а пренесе „Ју-ес-еј Тудеј“.
Имено, Џејда Пинкет Смит е долги години во брак со актерот Вил Смит. Оваа позната двојка има две деца – Џејден (24) и Вилоу (22). Вил Смит го има и 30-годишниот син Треј со претходната сопруга Шери Зампино.

Џејден, исто така, сподели дека користењето психоделици му помогнало да воспостави посилни односи со неговата сестра Вилоу и неговиот полубрат Треј.
„Браќата и сестрите можат многу да се расправаат и само Бог знае колку ние го правевме тоа во минатото. Но, нивото на љубов и емпатија што можам да ги чувствувам за нив во психоделичните искуства, но и надвор од нив, е нешто што е длабоко и убаво“, сподели тој.
Исто така, раперот раскажа дека употребата на дрогата им помогнала да ги отворат нивните умови и да се извлечат од старите начини на размислување. Но, Џејден Смит не прецизираше каква дрога користеле.
Многумина ја осудија Џејда Пинкет Смит поради ова и сметаат дека е уште една нејзина бизарна постапка во низата.


