Уште две репрезентации обезбедија мундијалска виза

Јапонија со победата над Австралија обезбеди директен пласман на СП во Катар/ фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS

Репрезентациите на Јапонија и на Саудиска Арабија обезбедија директен пласман на Светското првенство во Катар, додека селекцијата на Австралија ќе мора да игра во баражот.

Јапонија мундијалската виза ја завери во Сиднеј со победата од 2:0 во директниот дуел со Австралија. Јапонците до победата дојдоа во финишот од натпреварот благодарение на двата гола на Митома во 89. и во 94. минута.

Со триумфот, Јапонците и направија услуга и на Саудиска Арабија која исто така обезбеди директен пласман на СП во Катар бидејќи на едно коло до крајот на квалификациите има четири бода повеќе од Австралија.

Со триумфот, Јапонија на едно коло до крајот на азиските квалификации во групата Б има 21 бод, додека Австралија е трета со 15 бода и ќе игра во баражот за пласман на СП во Катар.

Саудиска Арабија има 19 бода од осум натпревари и обезбеди директен пласман на мундијалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот