Фото: твитер

Урнебесно, откриено што напишал Суарез на наместениот испит по италијански јазик

Луис Суарез изминатото лето се наоѓаше пред трансфер во Јувентус, требаше само да го положи испитот по италијански јазик на универзитетот во Перуџа за да добие италијански пасош за да биде регистриран како домашен играч.

На крајот тоа не се случи, Уругваецот потпиша за Атлетико Мадрид, а испитот по италијански јазик се претвори во фарса откако беше откриено дека Суарез мамел на него.

Медиумите открија, по што полицијата покрена истрага и дојде до сознанија дека Суарез прашањата ги добил пред тестот, но сега е откриено што тој точно напишал.

„Ја сум Луис Суарез и роден сум во Салто. Јас сум Уругваец. Често играм плејстејшн, сакам да пијам мате. Обожувам да правам скара со семејството и пријателите. Не сакам да одам во шопинг, тоа го прави мојата сопруга“.

Овие реченици биле доволни за Суарез да добие позитивна оценка на испитот, но истрагата утврди дека во испитот има замешано прсти и директорот на Јувентус, Фабио Паратичи кој е обвинет дека лобирал во универзитетот во Перуџа за да се забрза процесот на полагање на испитот. Паратичи ги демантираше овие обвинувања по што заработи обвинение за лажно сведочење.
Според истражителите, Луис Суарез однапред го добил споменатиот текст кој го научил напамет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот