Ураганот Грејс го погоди Мексико, претседателот ги повика луѓето да побараат засолништа

Ураганот Грејс пристигна во Мексико/ Фото: EPA-EFE/Alonso Cupul

Ураганот Грејс рано утринава ја погоди мексиканската држава Веракруз, која е позната по производството на нафта, а претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор ги повика граѓаните на пет сојузни земји да побараат засолништа, пренесува Ројтерс.

Британските медиуми пренесоа дека  Грејс синоќа беше прогласен за ураган од трета категорија, со налети на ветрот до 195 километри на час, повикувајќи се на Националниот центар за урагани (НХЦ).

Претседателот Лопез Обрадор на Твитер потврди дека се ангажирани илјадници припадници на силите за цивилна заштита, Министерството за одбрана и морнарицата, како и државната електродистрибуција.

„Ги молам луѓето од регионот Веракруз, Пуебла, Сан Луис Потоси, Тамаулипас ​​и Идалго да побараат засолништа на поголема надморска височина, кај роднини или во засолништа што се обезбедени”, напиша Лопез Обрадор на Твитер.

Претходно неделава ураганот профучи низ мексиканскиот брег на Карибите, соборувајќи дрвја и предизвикувајќи прекин во електричната енергија за речиси 700.000 лица, но засега нема жртви од него, соопштија мексиканските власти.

Грејс, исто така, ги погоди Јамајка и Хаити, островот што претрпе земјотрес со јачина од 7,2 степени.

Приближувајќи се кон Мексико, „Грејс” премина во ураган

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот