Фото: Фејсбук / Управа за извршување санкции

Управата за извршување санкции се пофали со нови лажици и чинии за струмичките затвореници

Во објава на „Фејсбук“, Управата за извршување санкции ја известува јавноста дека се набавени нови чинии, чаши и прибор за јадење за осудениците во струмичкиот затвор. Управата се фали дека „континуирано презема активности за подобрување на стандардите и квалитетот на престој на осудените лица“.

„Во рамките на тековните унапредувања, посебен акцент е ставен на подобрувањето на условите и опремата поврзана со исхраната. Во изминатиот период е обновен и дополнет приборот за јадење и кујнскиот инвентар, со што се обезбедува повисоко ниво на хигиена и функционалност при послужувањето на оброците со цел процесот да биде побрз, поефикасен и во согласност со стандардите за достоинствен третман на осудените лица“, пишува во објавата.

Управата ја збогати објавата и со фотографии од новите чаши, вилушки и чинии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот