НИС Србија / AFP / Profimedia

Унгарија ѝ подава рака на Србија: нафтената компанија МОЛ преговара за купување удел во НИС

Во тек се разговори за можноста унгарската нафтена и гасна компанија МОЛ да купи удел во Нафтена индустрија на Србија (НИС), изјави денес шефот на Kабинетот на унгарскиот премиер, Гергељ Гуљауш.

Тој рече дека, доколку се постигне договор, трансакцијата би била „нормална пазарна операција“, но нагласи дека разговорите се во рана фаза, објави „Н1“.

Сијарто: „Унгарија ќе ѝ даде енергенси на Србија, земја што ни крива ни должна ја плаќа цената на војната во Украина“

Гуљауш додаде дека е во интерес на НИС да се стави крај на руското сопствеништво и дека една од опциите е поголема улога на унгарскиот МОЛ.

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, вчера во Белград, по средбата со српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, најави дека МОЛ ќе го зголеми извозот на нафта во Србија 2,5 пати и порача дека Унгарија ќе ги искористи сите расположливи средства за да ѝ помогне на Србија во снабдувањето со нафта, пренесоа медиумите.

Вучиќ им се обрати на Американците: Вчера молев, денеска барам да се обнови лиценцата за НИС

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот