18.8 C
Скопје

Унгарија забранува ЛГБТ содржини во училиштата

Унгарската владеачка партија предлага закон каде ќе се забрани секаква содржина поврзана со ЛГБТ заедниците, која според нив ги тера младите во училиштата на промена на нивниот пол или сексуалност, пренесува Би-Би-Си.

Владејачката партија Фидез на чело со Виктор Орбан, која се соочува со избори во 2022 година, промовира силна христијанско-конзервативна агенда, која според критичарите ги потсетува на рускиот закон од 2013 година позната како ,,геј пропаганда“.

Фидез во новиот амадмант предложија закон кој дополнително ја казнува педофилијата, покрај тоа тие наведуваат како на помладите од 18 години не смеат да им се покажуваат било какви порнографски содржини или било какви содржини што ќе бидат поттикнати да го променат својот пол или сексуалноста.

Тие бараат да се пријават посебни организации кои ќе имаат право да држат предавање сексуално образование во училиштата.

,,Новиот предлог на Фидез сериозно го ограничува говорот и слободата на децата“ стоеше во соопштението на Хатер, здружението за заштита на ЛГБТ луѓето, кога го споредуваа со рускиот закон.

Хатер и шест други здруженија ја повикаа владеачката партија да го повлече барањето за новиот закон. Во Унгарија браковите се само дозволени помеѓу маж и жена, што значи дека само хетеросексуални парови можат да посвојуваат деца.

Минатата година Унгарија ја забрани промената на сексуалност во матичните книги и го укина правното признавање на родниот идентитет на трансродовите луѓе.

Поврзани вести

Рама и Мета ја поздравија одлуката на Холандија за Албанија да почне преговори со ЕУ

Слободен печат

ООН ги поздрави резултатите од средбата меѓу Бајден и Путин

Слободен печат

Шахпаска: Креираме законско решение кое ќе одговори на денешното современо време

Слободен Печат

СДСМ: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште е под палка на бегалецот од Будимпешта

Слободен Печат

Подеми и падови во односите на Путин со американските претседатели

Слободен печат

Паника во Рим: Пронајдена бомба во автомобил на три часа пред почетокот на натпреварот Италија – Швајцарија

Слободен печат

Остави Коментар