Унгарија со шведски „билет“ до четвртфинале на Светското ракометно првенство

фото: EPA-EFE/Adam Ihse

Комплетирана е главната фаза во првите групи на Светското ракометно првенство кое се одржува во Полска и Шведска.

Во групата „1“ во дербито кое го судеа Ѓорѓи Начевски и Славе Николов репрезентацијата на Франција триумфираше над Шпанија со 28:26 и го освои првото место на табелата со 10 бодови.

Французите заедно со Шпанците обезбедија пласман во четвртфиналната фаза на Мундијалот, а таму од групата „2“ ќе бидат и селекциите на Шведска и Унгарија.

Унгарците претходно беа убедливи против Зеленортски Острови со 42:30, и им требаше „услуга“ од Шведска да победи над Португалија за да го обезбедат второто место во генералниот пласман.

Тоа и се случи, Швеѓаните предводени од Петерсон (осум голови) и Јохансон (седум) успеаја да ги совлада Португалците со 32:30.

Во четвртфиналето Франција ќе игра со второпласираната, а Шпанија со првопласираната репрезентација од групата „3“. Во таа група моментно по осум бодови имаат Норвешка и Германија кои својот меч ќе го имаат во понеделник.

Шведска во четвртфиналето ќе игра со второпласираната, а Унгарија со првопласираната репрезентација од групата „4“. Во оваа група води Египет со осум бодови, пред Данска која има седум, а Хрватска е трета со пет. На Хрватите им треба чудо за да се најдат на второто место, „коцкестите“ мора да го победат Бахреин, а Данска да загуби од Египет. Најголем проблем за хрватските ракометари е гол-разликата, моментно се на +17, а Данска за 22 гола е подобра, +39. Избраниците на Хрвоје Хорват мора да остварат висока победа против Бахреин, а Данска претрпе тежок пораз од Египќаните.

Светско првенство 2023 Полска/Шведска

Главна фаза

Конечна табела, група „1“

1. Франција 10 бодови
2. Шпанија 8

3. Словенија 6
4. Полска 4
5. Црна Гора 2
6. Иран 0

Конечна табела, група „2“

1. Шведска 10 бодови
2. Унгарија 6

3. Исланд 6
4. Португалија 5
5. Бразил 3
6. Зеленортски острови 0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот