Фото: МКФ

Унгарија беше пресилна, Македонија со тежок пораз се враќа од Солнок

Кошаркарската репрезентација на Македонија го запиша и вториот пораз во претквалификациите за Светското првенство, откако вечерва Унгарија на вој терен беше подобра со 96-58.

Со овој резултат, стана јасно дека шансите за пласман во главната квалификациска фаза се сведени на минимум, со оглед на тоа што само првите две селекции од групата продолжуваат понатаму. Иако се знаеше дека Македонија настапува со подмладен состав и со ограничено искуство, разликата на теренот беше преголема.

Избраниците на селекторот Илиевски парираа само во првите десет минути, кои завршија со тесна предност на домаќините (19-18). Но, вториот период започна катастрофално, Унгарија направи серија од 16-0 и практично го реши прашањето на победникот уште пред полувремето.

Македонија успеа да одржи некакво темпо во третата четвртина, но нов пад следеше во последниот дел од мечот, кога Унгарците повторно „експлодираа“, отворија со 21-2 и на моменти имаа и +41 разлика (94-53). Со таков развој на настаните, тешко беше дури и да се намали резултатот до пристојна граница.

Џејкоб Вајли беше единствената светла точка кај „црвено-жолтите“ со 15 поени, Магдевски уфрли 11, а Симиќ додаде 10. Унгарската селекција доминираше во речиси сите сегменти, особено во скокот (43 наспроти 29) и во прецизноста од далечина, погодувајќи дури 15 тројки, најчесто од непречени позиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот