„Умира“ германскиот малопродажен сектор

Германија / МИА

Илјадници продавници во Германија засекогаш ќе ги затворат вратите поради зголемените оперативни трошоци и падот на куповната моќ на потрошувачите, од кои 9.000 само оваа година, а без успешни продавници, центрите на градовите имаат мала перспектива во иднина, предупреди во понеделникот германското здружение за трговија на мало ХДЕ. Бројот на продавници за малопродажба во најголемата европска економија е во опаѓање со години, а за време на пандемијата на коронавирус, трендот на нивно затворање се забрза бидејќи потрошувачите купуваа онлајн, анализира Пословни хр.

Секоја година во периодот од 2020 до 2022 година 11.000 физички продавници трајно ги затворале вратите. Помеѓу 2015 и 2019 година, просечно околу 5.000 продавници затвораа годишно. ХДЕ предвидува дека уште 9.000 продавници ќе се затворат во 2023 година. Кога ќе се издвојат микропродавниците, низ Германија работат 311.000 продавници, додека за споредба во 2015 година имало 373.000, според податоците на здружението.

„Со оглед на бројките во последните неколку години, сите аларм треба да бијат во сите центри на градовите и меѓу политичарите. Без успешни продавници за малопродажба, центрите на градовите немаат многу перспектива во иднина“, предупреди претседателот на ХДЕ, Александар фон Преен.

Тој додаде дека состојбата со трошоците и куповната моќ најмногу ги погодува помалку специјализираните продавници, како што се модните бутици, продавниците за чевли и пекарниците. Во исто време, многу големи трговски синџири ја намалуваат својата мрежа на продавници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот