Диего Ривера - „Берза“ Дизајн на сценографија за четвртата сцена од балетот „H.P. (Horsepower)“, околу 1927–32 година - Фото: Инстаграм/themuseumofmodernart

ФОТО | Уметноста на Диего Ривера — од грандиозни мурали до сценски спектакл

Славниот мексикански сликар Диего Ривера, чии грандиозни мурали ги красат најважните институции во неговата земја, во еден период од својата кариера, својата уметност со социјална порака ја преселил и на театарската сцена. Ривера верувал дека „театарот е место за релаксација на мнозинството“, а според него, уметноста наменета за народот е најчистата форма на творештво.

Оваа негова филозофија најдобро се отсликува во балетската симфонија „H.P. (Horsepower)“ од композиторот Карлос Чавез, за која Ривера ги дизајнираше сценографијата и костимите.

Диего Ривера „Човекот“ – Дизајн на костим за балетот „H.P. (Horsepower)“. 1927 година – Фото: Инстаграм/themuseumofmodernart

За уметник кој го посвети својот живот на славењето на мексиканската култура преку јавни дела достапни за секого, преминот кон театарскиот дизајн бил сосема природен. Тоа бил неговиот начин да ја изнесе уметноста од галериите и да ја направи достапна за пошироката публика низ движење, боја и музика.

Диего Ривера – Скица за сценографија за балетот „H.P. (Horsepower)“, околу 1927–32 година – Фото: Инстаграм/themuseumofmodernart

Денес, неговите легендарни сценски дизајни се повторно во центарот на вниманието како дел од изложбата „Фрида и Диего: Последниот сон“. Овој проект е прва од ваков вид соработка со њујоршката Метрополитен опера, каде посетителите можат во живо да ја видат визијата на Ривера која го спои светот на сликарството со светот на театарот.

Диего Ривера – „Берза“ Дизајн на сценографија за четвртата сцена од балетот „H.P. (Horsepower)“, околу 1927–32 година – Фото: Инстаграм/themuseumofmodernart

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот