Ултиматум: 100 милиони фунти за Санчо или ништо од трансферот!

фото: твитер

Борусија Дортмунд го „загуби“ трпението, откако му постави ултиматум на Манчестер јунајтед…„Милионерите“ побараа од „црвените ѓаволи“ до 10 август да платат за Џејдон Санчо или ништо од трансферот.

Вредноста на англискиот репрезентативец е проценета на 100 милиони фунти или нешто помалку од 111 милиони евра.

Веќе долг период Санчо се поврзува со клубот од „Олд Трафорд“, како можно ново десно крило во нападот на менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Според „Билд“, Дортмунд не сака да учествува во потенцијална „сапуница“, па така му постави рок на Јунајтед доколку сака да го купи играчот имаше одлична сезона.

Во Бундеслигата имаше фантастичен учинок од 17 голови и 16 асистенции, најдобар стрелец на клубот и најдобар асистент во првенството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот