Украина предупредува дека Северна Кореја планира да испрати дополнителни 6.000 војници во Русија
Шефот на украинската разузнавачка служба Кирил Буданов објави дека Северна Кореја планира да испрати околу 6.000 дополнителни војници во Русија во блиска иднина, објавија денес украинските медиуми.
Препорачано
Како што додаде, воена опрема, вклучувајќи тенкови и оклопни транспортери, исто така ќе биде испратена во Русија, објави агенцијата Униан.
Според Буданов, Северна Кореја планира да испрати од 50 до 100 единици опрема, вклучувајќи тенкови М2010 и транспортери БТР-80, за извршување инженерски работи.
Некои од нив можеби навистина се вклучени во деминирање и изградба на утврдувања, но дали сите ќе го сторат тоа“, праша шефот на украинската разузнавачка служба.
Тој ги истакна обемот и последиците од воената соработка меѓу Москва и Пјонгјанг, истакнувајќи дека во моментов само три земји во светот имаат искуство во водење модерна војна на широка фронтова линија со речиси сите расположиви средства, имено Русија, Северна Кореја и Украина.
Според Буданов, Русија великодушно го финансира учеството на севернокорејските војници во војната против Украина.
„Станува збор за десетици милијарди долари, а за економијата на Северна Кореја, која е една од најизолираните во светот, тоа се многу сериозни пари“, рече тој. Разузнавачката служба на Јужна Кореја изјави дека Пјонгјанг продолжува да испорачува артилериски гранати во Русија, а нивната вкупна количина надминува 12 милиони парчиња, потсети украинската агенција.


