УХМР предупредува: зголемена внимателност покрај коритото на Вардар
Од УХМР апелираат на зголемена претпазливост при движење покрај речното корито, додека водостојот на Вардар во Скопје и во наредните часови ќе остане висок, со најави за постепено опаѓање во текот на ноќта.
По неколкудневните обилни врнежи, нивото на реката Вардар во Скопје и натаму се задржува на границата на критичните вредности. Надлежните апелираат на внимателност, особено за граѓаните кои се движат покрај речното корито и кејот, каде што на пониските и послабо осветлени делови ризикот е најголем.
Препорачано
Од Управа за хидрометеоролошки работи информираат дека, според последните прогнози, водостојот на реките во Скопје и во горните делови на сливовите ќе остане покачен и во наредните часови. Сепак, се очекува постепено намалување на нивото во текот на ноќта.
Во поголем дел од земјава моментално има мешани врнежи, а со навлегување на постуден воздух од север, дождот во попладневните и вечерните часови постепено ќе преминува во снег.
Најизразен ризик од локални излевања и задржување на вода има во западните и југозападните региони, каде што врнежите подолго ќе останат во форма на дожд пред да преминат во снег.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
5час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


