Фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

УЕФА: Откажан е натпреварот меѓу Аргентина и Шпанија кој требаше да се игра во Катар

Фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Аргентина и Шпанија, или познат како „Финалисима“, што требаше да се игра во Лусаил, Катар на 27 март, е откажан поради конфликтот на Блискиот Исток, објави УЕФА во неделата.

– По обемните дискусии меѓу УЕФА и организаторите во Катар, денес беше објавено дека, поради моменталната политичка ситуација во регионот, Финалисима не може да се одржи како што е планирано во Катар. УЕФА истражуваше други изводливи опции, но секоја на крајот се покажа како неприфатлива за Аргентинската фудбалска асоцијација – соопшти УЕФА.

Воедно, од УЕФА објаснуваат дека првата опција беше натпреварот да се одржи на „Бернабеу“ во Мадрид на истиот датум, со 50:50 навивачка база на стадионот.

– Ова ќе обезбедеше атмосфера од светска класа достојна за таков престижен настан, но Аргентина го отфрли ова. Втората опција беше Финалисима да се одржи во два натпревари, едниот на „Бернабеу“ на 27 март, а другиот во Буенос Аирес за време на меѓународната пауза пред Европското првенство и Копа Америка 2028, повторно со 50:50 навивачка база за натпреварот во Мадрид. Оваа опција исто така беше одбиена – стои во соопштението на УЕФА.

На крајот, УЕФА побара обврска од Аргентина дека, доколку може да се најде неутрално место во Европа, натпреварот може да се одржи на 27 март, како што е планирано, или на алтернативен датум на 30 март. Овој предлог исто така беше одбиен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот