УЕФА најде начин да ги казни суперлигашите, големата тројка одбива договор

Оваа одлука најверојатно ќе почне да се применува од идната недела, кога стартува новата сезона во европските купови/Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Првата рунда од војната УЕФА – Суперлига и припадна на Европската фудбалска федерација и тоа надмоќно. Благодарениe на нивните притисоци но и притисоците од ФИФА, англиската влада и навивачите, девет од 12 екипи се повлекоа од „лигата на богатите“, а сега УЕФА сака да ја „зацементира“ победата и одреди казни за суперлигашите.

Деветте екипи кои дефинитивно се откажаа од Суперлигата (Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси, Ливерпул, Арсенал, Тотенхем, Атлетико Мадрид, Интер и Милан) се договорија со УЕФА да се откажат од пет проценти од приходите кои ќе ги заработат во Лигата на шампионите или Лигата на Европа наредната сезона и средствата ќе ги пренаменат за развој на детскиот фудбал.
Овие клубови исто така се обврзаа доколку некогаш учествуваат во натпреварување кое не е под капата на УЕФА да бидат казнети со 100 милиони евра, а доколку учествуваат во слична иницијатива тогаш ќе мора да платат 50 милиони евра.

Оваа спогодба не ја пријатија останатите три клубови кое сè уште се верни на Суперлигата, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. Засега УЕФА нема план што ќе прави доколку овие клубови останат на својот стат, но се шпекулира дека е можно да бидат суспендирани од Лигата на шампионите на две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот