УЕФА: Голема шанса за Македонија, наградниот фонд е 700 милиони евра!

facebook.com/FudbalskaReprezentacija/

Почнува новото фудбалско натпреварување под капата на УЕФА. Покрај Лигата на шампионите и Лига Европа, според информациите на „Спорт Билд“ ќе постои и т.н. „Европска конференциска лига“ и само скратено Конференциска лига.

Околу деталите кои би учествувале треба да се усогласат ставовите, но јасно е дека желбата за поголем приход за тимовите од т.н. помали фудбалски земји.

Новото натпреварување и Лига Европа ќе има ист формат – осум групи со по четири екипи.

Победникот на новото натпреварување ќе се пласира директно во Лига Европа наредната сезона, додека наградниот фонд ќе биде 700 милиони евра.

Како би можело да изгледа форматот низ кој се влегува во ова натпреварување можете да погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот