УЕФА ги повлече романските судии, Холанѓанец суди во Париз!

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Европската фудбалска куќа под зголемен притисок поради судиите, најави нивна промена во вторникот, нешто што до сега не се случило. 

Во текот на вчерашниот дуел од Лигата на шампионите против ПСЖ играчите на турскиот Башакшехир го напуштија теренот во Париз поради расизам.

УЕФА објави дека Холанѓанецот Дани Макели ќе го суди натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Башакшехир, кој ќе продолжи денеска од 18.55 часот. Макели до сега судеше на 26 натпревари во ЛШ, а помеѓу нив и мечот помеѓу ПСЖ и Лајпциг на 24 ноември (1:0). Помошници ќе му бидат Марио Дикс (Холандија) и Марцин Бониек (Полска), четврти судија е Бартош Франковски (Полска).

ВИДЕО: СКАНДАЛ во Париз, поради расизам прекинат натпреварот помеѓу ПСЖ и Башакшехир

Судиската четворка на натпреварот ПСЖ-Башакшехир беше од Романија, главен судија Овидиу Алин Хатеган, асистенти Октавијан Совре и Себастијан Е. Георге и четврти судија Себастијан К. Колтеску.

Фудбалерите на турската екипа (а потоа и оние на ПСЖ) одлучија да го напуштат теренот во 14 минута од натпреварот во знак на протест против четвртиот романски судија Колтеску.

Тој го нарече помошникот тренер на Башакшехир, Пјер Вебо, „ала негру“ („оној црнецот“ на романски јазик), а потоа главниот судија го исклучи Камерунецот за приговор.

Мбапе им даде поддршка на играчите на Башакшехир

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот