УЕФА ги објави кандидатите за Златната топка, Бензема речиси сигурен добитник на трофејот

Реал Мадрид повторно доминираше во Лигата на шампионите/фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја скрати листата на кандидати за најдобар играч на годината на три имиња.

Листата ја предводи првиот фаворит и сигурен добитник на наградата за најдобар играч во сезоната, напаѓачот на европскиот шампион Реал Мадрид, Карим Бензема. Покрај него, тука е и неговиот клупски колега, голманот Тибо Куртоа, како и играчот на Манчестер сити, Кевин де Брујне.

Бензема е најзаслужен за триумфот на Реал Мадрид во Лигата на шампионите постигнувајќи 15 гола.
Во конкуренција за најдобар тренер се наоѓаат тренерите на Реал Мадрид Карло Анчелоти, на финалистот во ЛШ, Јирген Клоп (Ливерпул) како и тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

Добитниците на наградите ќе бидат познати на 25 август во Истанбул за ждрепката за одредување на групите во Лигата на шампионите за новата сезона.

Минатата година, признанието за најдобар играч му припадна на фудбалерот на Челси и на италијанската репрезентација Жоржињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот