Фото: Општина Центар

Учениците од „Ј.Х. Песталоци“ добија мини терен за спортски активности

Целосно заврши реконструкцијата на спортското игралиште во дворот на училиштето ,,Јохан Хајнрих Песталоци”, со што учениците добија современ и модерен мини терен за спорт и физички активности, со помош на донација од општествено одговорна компанија.

Драго ми е што токму во училиштето, каде што и јас завршив основно образование, добивме вакво мултифункционално спортско игралиште. Очекувам многу натпревари со спортски дух на овој прекрасен терен. Во времето на компјутерите на децата им се потребни токму вакви игралишта за да се посветат на физичките активности. Воедно упатувам благодарност за донацијата, но и апел до младите да се однесуваат одговорно и да ги чуваат училишните игралишта бидејќи тие ќе им требаат и на следните генерации – истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Тој додаде дека Општината е секогаш отворена за соработува со општествено одговорни компании со цел да се придонесе за побогат спортски и рекреативен живот на центарци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот