Средношколци со ранци / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Учениците нема да имаат повеќе пролетен распуст

Пролетниот распуст за учениците нема да има, најави денеска новата министерка за образование Весна Јаневска. Таа рече дека ваквата одлука е донесена согласно анкетите што се направени со родителите и постарите ученици.

„Не, нема да има пролетен распуст. Стручните анкети на родителите покажаа дека не сакаат, но и на повозрасните ученици, така што скедната година нема да има пауза на пролет“, рече Јаневска.

Пролетниот распуст беше применет за прв пат годинава. Одлуката на Министерството за образование и култура беше оваа пауза да биде 7 дена, односно од 29 април до 5 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот