Ученици ја повикале хигиеничарката Бисерка итно да дојде бидејќи „истуриле мастило“, а потоа и рекле да затвори очи
Учениците во основното училиште „Подтурен“ во Хрватска подготвија трогателен гест за нивната омилена хигиеничарка Бисерка која заминува во пензија.
Препорачано
@uciteljvanja Odlazak naše spremačice Biserke u mirovinu. Učenici 4.a odlučili su iznenaditi našu omiljenu spremačicu tako da su izmislili polivenu tintu koju je trebalo obrisati #ošpodturen #iznenađenje #mirovina #spremačica ♬ original sound – uciteljvanja
Ја повикале итно да дојде бидејќи истуриле мастило, а потоа и дале бонбони и ја расплакале со солзи радосници.
Како што откри наставничката на децата на TikTok, Бисерка земала средства за чистење и ја замолиле да седне, да ги затвори очите и да ги испружи рацете. Еден по еден учениците почнаа да и приоѓаат и да оставаат слатки.
Кога оваа прекрасна жена ги отворила очите, настанал шок, а потоа и солзи радосници. Целото одделение почнало да и аплаудира на чистачката, а потоа сите ја прегрнаа.
-Пензионирањето на нашата чистачка Бисерка. „Учениците од 4 одделение решија да ја изненадат нашата омилена чистачка со тоа што измислија истурено мастило кое требаше да се избрише“, напишала нивната наставничка Вања во описот.


