Убиството на избеганата зебра ја разлути јавноста во Германија: „Тој воопшто не беше опасен“

Фото: Профимедиа

Службите за заштита на животните во Германија се на критики од јавноста поради тоа што застрелаа зебра откако избегала од циркус и истрчала на автопат, објави британски „Гардијан“.

Застреланото животно беше една од двете зебри кои избегале од кафезите кога патувачкиот циркуз „Барлеј“ се поставувал на нова локација во Тесин, североисточна Германија.

Додека првата зебра била фатена и вратена, второто животно, познато како Пумба, истрчало на А20 автопатот во близина на градот Росток, предизвикувајќи сообраќајна несреќа меѓу два автомобили кои се обидувале да ја избегнат.

Додека ниту еден од возачите не бил повреден, еден полицаец доживеал мали повреди во обид да ја фати зебрата со раце. Еден автомобил е оштетен кога Пумба претрчал преку неговата хауба.

По неколкуте обиди да се фати животното и на големо незадоволство на вработените во циркузот, зебрата била застрелана од страна на надлежно лице од службата за заштита на животни.

Фото: Профимедиа

Условите во кои е смртно застрелано животното се оние кои јавноста ги оспорува. Според портпарол на надлежните власти на градот Росток, користењето на стреличка за заспивање не било опиција поради тоа што зебрата претставувала закана за властите и морала да биде застрелана од далечина од 60 метри.

Од друга страна, сведоци на настанот за германските медиуми кажале дека зебрата била засрелана од речиси 10-тина метри.

– Немаше закана и зебрата не беше опасна. Тој беше преморен, се гледаше тоа – изјавил сведок на настанот за „Дие Велт“.

Сопствениците на циркузот „Барлеј“ изјавиле дека ќе поднесат обвиненија за одговорниот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот