Убиен е водачот на навивачите на Партизан

Со неколку куршуми, од кои два директно во главата синоќа е убиен еден од озогласените навивачи во Србија, Љубомир Марковиќ-Кича. Тоа е водачот на една од највлијателните фракции кај навивачите на Партизан, популарните „Алкатраз“.

Марковиќ е познат како еден од организаторите на убиството на францускиот навивач Брис Татон, кој настрада во Белград пред 10 години, пред мечот Партизан – Тулуз.

За ова убиство, Марковиќ беше правосудно осуден.

Во 2011 година тој беше осуден на 30 години затвор. Подоцна казната му беше смалена на 13 години. Во 2017 пак излезе од затвор.

За убиството на Татон беа осудени 14 навивачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот