Убиен Томас Џеферсон Бирд, омилениот актер на Спајк Ли
Американскиот актер Томас Џеферсон Бирд (70), кој глумеше во голем број филмови на режисерот Спајк Ли, беше застрелан во Атланта викендов.
Препорачано
Полицијата го пронашла актерот во саботата наутро со неколку куршуми во грбот. Лекарите упатени на местото каде што бил пронајден, можеле само да ја потврдат смртта. Истрагата за инцидентот е во тек, а полицијата досега никого не уапсила.

Големо театарско искуство
Актерот со големо театарско искуство, Томас Џеферсон Бирд, се појави на филм дури на 45-годишна возраст кога Спајк Ли му ја понуди споредната улога во филмот „Ситни дилери“.
Тој успеа да ја наметне својата глума и нетипичен изглед во светот на Спајк Ли, а потоа и други режисери почнаа да го ангажираат.
Продолжи да учествува во проекти на Спајк Ли, а неодамна глумеше во сериите „She’s Gotta Have It“ (2017 – 2019) и во филмот „Chi-Raq“ (2015).
„Том е мој пријател“, напиша Спајк Ли на Инстаграм и додаде дека е „многу тажен“.

Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


