Убиен маж во казино во Капиштец

Полиција/ фото: МВР

Во казиното „Вин вин“ кај Млечен во Капиштец  утрово е пукано во четириесет и шест годишниот Н.А. од село Арачиново, кој им подлегнал на повредите.

Во 08.05 часот во СВР Скопје пријавено е дека во казино лоцирано на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ едно лице пукало во Н.А. (46) од село Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. подлегнал на повредите, велат од МВР.

За случајот е известен и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот