Убиен братот на фудбалер на Тотенхем

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Братот на фудбалерот на Тотенхем, Серж Орие, вчера ја прославуваше победата над Арсенал, а денеска го дочекаа трагични вести.

Неговиот помал брат Кристофер е убиен изминатата ноќ во Тулуз, Франција. Француските медиуми објавија дека непознат напаѓач го застрелал Кристофер во пет часот утрово, а жителните од околните згради веднаш повикале полиција, додека итната помош само констатирала смрт.

Неофицијално полицијата се уште трага по убиецот.
Кристофер Орие исто како и постариот брат Серж, сакаше да биде фудбалер, играѓе за неколку екипи од кои најпознат е Ленс, но не успеа да направи подобра кариера, а по фудбалот, редовно имаше проблеми со законот. Пред три години беше уапсен бидејќи ограбил проститутка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот