Убиецот Урош носел маица со нацистички симбол за време на апсењето

Убиецот од Младеновац/ Фото СП

Урош Б. (21), кој со автоматско оружје уби осум и рани 14 лица во селата Орашје и Дубона во Младеновац, во моментот на апсењето носел маица со нацистички симболи, пишува српски „Блиц“.

Како што може да види на фотографиите, на сината маица на Урош пишува „Генерација 88“. Двете осмици меѓу поддржувачите на нацизмот ги претставуваат двете букви H, односно кратенката на фашистичката честитка „Хајл Хитлер“ или „Да живее Хитлер“.

Српско МВР

Под натписот, за да се забележи, има карта на Шпанија, Франција и Италија, земји со кои владееле фашистички режими пред и за време на Втората светска војна. Под картата стои натписот „На турнеја“  кој се споменува во контекст на претходната – „Генерација 88“.

По потрагата по него која траела цела ноќ, Урош Блажиќ утрово е уапсен во селото Вињиште, каде се криел со семејството по извршеното злосторство.

ШТО Е ПОЗНАТО ДОСЕГА?

➡️ Нова трагедија во Србија: Масакр во Младеновац, убиени 8 лица, 13 ранети, убиецот е во бегство

➡️ Уапсен убиецот од Младеновац во близина на Крагуевац

➡️ Објавена фотографија од уапсениот убиец од Младеновац

➡️ Српски адвокат објаснува дека ако убиецот нема над 21 година, не може да биде осуден на доживотен затвор

➡️ Објавени загрижувачки видеа и слики од социјалните мрежи на убиецот од Младеновац

➡️ Мештаните го раскажаа масакрот: Тоа се сите наши деца, никогаш нема да ги преболиме

➡️ Вучиќ најави нови мерки: Ќе ја разоружаме Србија, ќе испратиме илјада полицајци да бидат во училиштата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот