Убави вести од Англија, нема коронавирус во Премиер лигата
ЕФЛ од почетокот на годинава по два пати неделно ги тестира сите фудбалери и тренери.
Во последниот круг тестирања на клубовите во Англиската фудбалска лига (ЕФЛ), нема регистриран ниту еден случај на коронавирус, за прв пат откако започнаа тестирањата од почетокот на пандемијата.
Од 15. до 21. март биде тестирани 5.524 фудбалери и членови на стручните штабови на 72. екипи од ЕФЛ и сите резултати се негативни.
Ова е прв случај сите резултати да бидат негативни, од почетокот на годинава кога ЕФЛ по два пати неделно ги тестира екипите.
– Денешните резултати се благодарение на напорната работа и труд на сите клубови од ЕФЛ и тоа во неверојатно тежок период. Во последните 12 месеци откако вирусот диктира се во општеството, строгите протоколи кои ги применивме ни обезбедија сега да можеме нашето внимание да враќање на одредено ниво на нормалноста – изјави Тревор Бирч, извршниот директор на ЕФЛ.
Според Бирч, доколку и во наредните рунди тестирања нема позитивни случаи на коронавирус, можно е побрзо враќање на навивачите на стадионите.
Во претходната рунда на тестирања која ја спроведе ЕФЛ имаше 25 позитивни случаи.


