Убав гест: Линдзи Вон на заминувањето од болницата не заборавила да ги израдува вработените и децата
Американската скијачка икона Линдзи Вон ја напушти Италија по четвртата операција на левата нога, потврдија од болницата каде што се лекуваше. На заминување, 41-годишната шампионка ја покажа и својата хумана страна.
Препорачано
Претходно, Вон преку социјалните мрежи откри дека ја очекува последен оперативен зафат, нагласувајќи дека пред неа стои уште една тешка битка на патот до целосно закрепнување.
Вчера во 9:30 часот таа беше отпуштена од болницата, по што со возило на Итната помош беше пренесена до аеродромот и со приватен лет замина назад во САД. Пред да си замине, ги донирала плишаните играчки што ги добила за време на престојот на Педијатриското одделение, додека цвеќето го оставила во болничката соба, гест што наиде на позитивни реакции.
View this post on Instagram
Ќе потсетиме, минатата недела Вон доживеа тежок пад на трката во спуст, само 13 секунди по стартот, по што со хеликоптер беше евакуирана од патеката. Подоцна информираше дека се работи за „комплексна фрактура на потколеницата, која моментално е стабилна, но ќе бара повеќе операции за правилно заздравување“. Досега, зад неа се веќе четири хируршки интервенции и долг процес на рехабилитација.
ВИДЕО | Тажна сцена: Линдзи Вон со тежок пад по десет секунди го заврши настапот на Олимписките игри
Линдзи Вон посилна од повредата – додека има шанса, ќе се обиде да настапи на ЗОИ 2026


