Уапсено момчето на бремената Ријана, пукал во човек на улица

Фото: Инстаграм

Момчето на Ријана и иден татко на нивното дете, раперот АСАП Роки, утрово е уапсен од полицијата поради пукањето во кое учествувал во 2021 година, пишуваат странските медиуми.

Роки е уапсен откако се вратил со својата бремена Ријана од патување во Барбадос, каде што заминаа кога се појавија гласините за раскинување поради неговата наводна прељуба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)


Веста за апсењето за „NBC“ ја потврдил адвокатот на раперот. Роки, чие вистинско име е Раким Мајерс, наводно е под истрага за вмешаност во пукањето кое се случило на 6. ноември минатата година.

Жртвата, која преживеала, подоцна ѝ кажала на полицијата дека раперот се движел со уште двајца кога на улица му пришол со пиштол.

Тој тврдел дека Роки го застрелал три до четири пати и верува дека еден од куршумите му ја повредил левата рака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GRIM (@asaprocky)


Ова не е првпат раперот да биде уапсен. Во 2019 година, тој поминал еден месец во затвор во Шведска поради тепачка со наводни зависници од дрога.

Во изјавата по неговото ослободување, Роки тогаш се осврнал на неговиот едномесечен престој во затвор, нарекувајќи го „многу тешко и понижувачко искуство“.

Ријана и Роки во секој момент се очекува да станат родители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот