Сообраќајна полиција / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Уапсени двајца млади Турци, со изнајмена кола возеле во спротивна насока на скопски булевар

Двајца млади турски државјани вчеравечер биле уапсени во центарот на Скопје, откако со изнајмен автомобил возеле во спротивна насока на булевар, соопшти полицијата.

„На 11.02.2025 во 20:50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Н.Џ.Е.(20) и Б.У.(19), двајцата од Република Турција, затоа што со патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рентакар- компанија, се движеле во спротивна насока на булевар на подрачјето на Центар. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот