Уапсен претседателот на Анкарагучу кој го нокаутираше судијата, а лани освои награда за фер-плеј

Моментот кога Фарук Коча го удри судијата на мечот Анкарагучу - Ризеспор/фото: EPA-EFE/Abdurrahman Antayali

Претседателот на фудбалскиот клуб Анкарагучу, Фарук Коча денеска е уапсен со уште две лица поради физички напад врз судијата на натпреварот против Ризеспор во турското првенство.

Турскиот министер за правда Јилмаз Тунч изјави дека Коча и уште две лица поради тоа што го нападнаа и повредија судијата Халил Умут Мелер по синоќешниот натпревар меѓу Анкарагучу и Ризеспор.

Истрагата продолжува педантно – рече Тунч на социјалните мрежи. Одлучено е и да се прошири судската истрага за уште три лица.

Прекинато фудбалското првенство во Турција по скандалот на мечот Анкарагучу – Ризеспор

Синоќа Ризеспор израмни на 1:1 во седмата минута од судиското надополнување, по што имаше инциденти на теренот. Коча го удри судијата со тупаница по лицето, а додека тој лежеше на земја, судијата доби уште неколку удари.

Мелер треба да биде пуштен од болница во среда, бидејќи не претрпел сериозни повреди на лицето, објавија турските медиуми. Тој е судија на списокот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

ВИДЕО: Претепаниот судија разговараше со претседателот на Турција Ердоган

Фудбалската федерација на Турција ги прекина натпреварите на турските лиги до понатамошно известување, а нападот врз судијата го осудија претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

– Без судии, нема фудбал. Судиите, играчите, навивачите и членовите на стручниот штаб мора да бидат безбедни за да уживаат во играта. Ги повикувам властите да се погрижат тоа строго да се спроведува и почитува на сите нивоа – рече Инфантино.

За скандалот да биде уште поголем, Коча освои фер-плеј награда во турската Суперлига и тоа во 2022 година. Воедно, Коча е долго време во турскиот фудбал, а тој е еден од политичарите кои беа дел од турското национално собрание од 2002 до 2011 година. Роден и израснат во Анкара, која двапати ја претставуваше во Парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот