Уапсен напаѓачот кој во Сисак уби жена и рани четири лица

Уапсен е напаѓачот кој синоќа во хрватскиот град Сисак пукаше од калашњиков врз група луѓе, при што едно лице е убиено, а неколкумина се ранети.

По пукањето напаѓачот со часови бил во бегство, а нешто по 1 часот по полноќ бил уапсен.

„Маж кој е поврзан со пукањето во областа Сисак е уапсен, тој е донесен во службените простории на полицијата и против него ќе се води кривична истрага“, соопшти хрватската полиција.

Во престрелката е убиена 45-годишна жена, додека четири лица се ранети. Лекарска помош им е укажана во Општата болница Сисак, каде е констатирано дека се тешко повредени. Медицинска помош им била укажана на две лица, меѓу кои и едно дете, кои биле полесно повредени додека бегале.

Во наведениот настан целосно опожарени се две семејни куќи и еден автомобил, а делумно опожарени една куќа и еден автомобил, соопшти полицијата.

Според хрватските медиуми станува збор за маж на околу 60 години кој имал психички проблеми. Насилникот наводно дошол во куќата на соседот, пукал кон нив и запалил две куќи на соседот.

Пукањето се случило во близина на рафинеријата во Сисак. Засега нема официјални информации зошто напаѓачот пукал врз луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот