Фото: Алмакос / Фејсбук / скриншот

Уапсен е возачот на автомобилот во кој се заби и загина момчето со мотор на „Пластичарска“

Полицијата соопшти дека го уапсила возачот на автомобилот кој му го препречи патот на мотор на „Пластичарската“ улица во Скопје. Во тешкиот судир загина 19-годишниот мотоциклист.

Според МВР, несреќата, која се случила на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“, е пријавена вчера нешто пред 22:30 часот.

„Во судирот учествувале патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Х. на возраст од 31 година од село Визбегово, и два моторцикли. Едниот моторцикл бил „БМВ“, управуван од 19-годишниот М.Ф. од Скопје, а вториот бил „хонда адв“, управуван од Н.Б. на возраст од 21 година, исто така од Скопје. Во судирот, со тешки телесни повреди се здобил 19-годишниот возач на моторциклот „БМВ“. Тој итно бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и им подлегнал на повредите. На местото на несреќата бил извршен детален увид од јавен обвинител и екипа од СВР Скопје“, велат од полицијата.

Порталот „Алмакос“ објави снимка од местото направена непосредно по несреќата.

Медиумите денеска објавија и вознемирувачка снимка од моментот на трагичниот судир, снимена од безбедносна камера.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Фатална несреќа во Скопје — загина млад моторџија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот