У21: Македонија со Рустемоски, Ѓорѓиевски и Гроздановски ќе напаѓа против Украина

У21 надежите ја темпираат формата со контролни мечеви/Фото: ФФМ

Денеска од 13.00 часот на ФФМ Тренинг центарот во Скопје македонската млада репрезентација за играчи до 21 година во својот петти натпревар ќе ја пречека Украина во квалификациите за Европското првенство.

Селекторот на надежите, Драги Канатларовски го објави стартниот состав со кој ќе настапи од првата минута на дуелот со Украинците:

Денковски, Антовски, Младеновски, Манев, Хајдари, Шеји, Фазлагиќ, Адем, Рустемоски, Ѓорѓиевски, Гроздановски.

– Потребен ни е ист пристап и смиреност, како на претходниот дуел со Ерменија. Знаеме кои се нашите задачи, доколку се придржуваме до тоа што го бара од нас селекторот, мислам дека нема да имаме проблем – вели нашиот напаѓач Марко Ѓорѓиевски.

Моментно во квалификациската група „Х“ води Франција со 10 бодови, еден повеќе од Украина, следуваат Македонија и Фарски Острови со по пет, Србија има четири, а Ерменија три.

Квалификации за ЕП

Група „Х“

Денеска
13.00 часот Македонија – Украина
20.45 часот Франција – Ерменија

12 ноември
18.00 часот Србија – Фарски Острови

Табела:

1. Франција 10 бодови
2. Украина 9
3. Македонија 5
4. Фарски Острови 5
5. Србија 4
6. Ерменија 3

Фазлагиќ: Нè очекуваат два многу тешки меча против Украина и Франција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот