У19: Македонските фудбалерки совладани од Норвешка во елитните квалификации за ЕП
Во првиот натпревар од елитниот квалификациски турнир за фудбалерки до 19 години што се одржува во Шкотска, репрезентацијата на Норвешка ја совлада Македонија со 3:0.
Препорачано
Еден од фаворитите за освојување на првото место првиот погодок го постигна во осмата минута, а стрелец беше Џули Стен.
По три минути игра во второто полувреме, Ина Раум Андреасен зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Ана Малмин со голот постигнат во 58 минута.
Подмладениот состав предводен од селекторот Кирил Изов одигра квалитетен натпревар, но Норвежанките на крајот ја оправдаа фаворитската улога и потврдија дека со право се вбројуваат меѓу најсериозните кандидати за пласман на завршницата од Европското првенство за фудбалерки до 19 години.
Македонија У19: Комненова, Додевска, Крстева (66′ Димчова) , Ристевска, Боризоска, Емини, Трендова, Накова, Коловска, Митковска (80′ Настова), Попески (73′ Симјанова). Селектор: Кирил Изов.
Два дена подоцна од 13.00 часот ќе играме против Шкотска, додека во последното коло на 16 април противник ни е селекцијата на Австрија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
40мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


