У17: Македонските фудбалерки со победа го почнаа квалификацискиот турнир од Б лигата

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години оствари убедлива победа против Грузија во рамките на воведното коло на квалификацискиот турнир од Б лигата што се одржува во Косово.
Избраничките на селекторот Катерина Милеска одиграа одличен натпревар, од првиот свиреж на судијата до последен беа апсолутно доминантни над противникот, во секој аспект од играта и сосема заслужено на крајот се радуваа на убедлива победа од 5:0.
Грозданова во деветтата минута го отвори резултатот на натпреваротм а истата фудбалерка во 17 минута се најде повторно на вистинското место за нов гол и предност од 2:0. Трендова во 24 минута се погрижи за 3:0.
До крајот на првото полувреме, во листата на стрелците, во 38 минута се запиша и Попески. Конечниот епилог го постави Грозданова која го комплетираше својот хет-трик.
Во рамките на второто коло од квалификацискиот турнир, нашата млада репрезентација силите ќе ги одмери со селекцијата на Ерменија.