Фото: ffm.mk

У17: Фудбалерките со победа над Грузија ги почнаа квалификациите за ЕП

Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години триумфално го почна настапот на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство – Б лига што се одржува во Струмица.

Избраничките на Катерина Милеска во првото коло ја совладаа селекцијата на Грузија со 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Елена Наумоска во 70 минута од натпреварот.

Нашите репрезентативки можеа да забележат и поубедлива победа, но не успеаја да реализираат неколку можности за погодок.

Гостинките од Грузија во неколку ситуации се обидоа посериозно да го загрозат нашиот гол, но без реализација, па нашите репрезентативки сосема заслужено стигнаа до посакуваната победа.

Во вториот дуел од нашата група Северна Ирска славеше во мечот против Луксембург со 4:1.

Следниот натпревар Македонија ќе го игра во вторник на 3 март, а противник ни е Луксембург. Мечот ќе се одигра на теренот на Спортскиот центар Пандев со почеток од 13.00 часот, а влезот за сите кои сакаат да го следат е слободен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот