Твитер ќе ги избрише официјалните претседателски објави на Доналд Трамп

Доналд Трамп
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/Erin Schaff

Твитер потврди дека официјалните претседателски објави на Доналд Трамп ќе бидат избришани заедно со милионските следачи, пред да бидат префрлени на администрацијата на Џо Бајден, објави Би Би Си.

Тимот на новоизбраниот американски претседател Бајден е против таквиот план, но компанијата соопшти дека одлуката е неотповиклива.

Таквиот потег значи промена во однос на претходната смена на власта во 2016 година, кога Твитер се согласи да го прифати барањето на Трамп да ги наследи милионските следбеници на Барак Обама.

Твитер наведе дека сите оние кои го следат Доналд Трамп ќе бидат известени дека нивните објави ќе бидат архивирани и ќе можат да бираат дали сакаат да ги следат новите објави на администрацијата на Бајден.

Одлуката нема да влијае на личниот налог на Џо Бајден, кој има 21,7 милиони следбеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот