ТВ 21 отстранета од списокот на фирми што ја злоупотребиле државната помош, велат плати исплаќале невремено и редовно

Оттаму реагираат дека за навременото и редовно исплаќање на платите на вработените можат да посведочат, банкарските трансакции, но и самите вработени.

Доцна синоќа Владата го објави списокот со фирми што зеле државна помош за плати на вработените, а не им ги исплатиле, на списокот за кусо време се најде и Телевизија 21, но набрзо беше повлечена од истата листа.

Фирмата „КОМПАНИ 21–М” ДООЕЛ Скопје, според првиот список на Владата, зела сума од 565 000 денари како субвенција за исплата на плати. Но, во ажурираниот список кој подоцна вечерва го објави Владата, оваа фирма ја нема.

Сепак, ТВ21 најодговорно тврди, дека сите плати на секој вработен се исплатени и покрај тешкотиите со кои со кои се соочиле за време на пандемијата со Ковид 19.

-Напротив и покрај една таква тешка состојба целата сума на плата на секој вработен е исплатена месец за месец. Би сакале да веруваме дека е некаква системска грешка, која секако подоцна во новиот ажуриран список е исправена. Но, сепак останува фактот дека намерно или не, со оваа грешка нанесена е голема штета на угледот на ТВ21 како компанија и како медиум- стои во реакцијата на ТВ 21.

Оттаму реагираат дека за навременото и редовно исплаќање на платите на вработените можат да посведочат, банкарските трансакции, но и самите вработени. Листата беше објавена откако директорката на УЈП, Сања Лукаревска, обелодени дека стотици фирми ја злоупотребиле државната помош за ковид-кризата.

Според УЈП, станува збор за 708 компании кои за април и мај зеле околу 385 000 евра од државата за субвенции на платите, но не им ги исплатиле на нивните вработени.

На следниве линкови погледенете ја целосната листа на компании на кои им е исплатена државна помош за минимална плата, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени. Преземете ја ажурираната табелата во PDF или EXCEL формат.

Од Владата најавија дека ќе бараат обвинителството да покрене постапка за утврдување кривична одговорност кај одговорните лица во фирмите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот